Бред Пит поседува недвижен имот вреден 72 милиони долари

Бред Пит поседува недвижен имот вреден 72 милиони долари

пред 10 месеци

И додека шоубиз-сцената ги следи судските случаи меѓу Анџелина Џоли и Бред Пит поради популарноста на поранешните сопружници, оние кои го следат пазарот на недвижности го следат случајот поради значајните деловни трансакции. Имено, Бред Пит, покрај глумата, значителна заработка остварува и од недвижнини во кои многу паметно инвестирал низ годините.

Се проценува дека актерот денес поседува недвижен имот вреден 72 милиони долари. Умешноста на Бред за недвижнини беше сосема очигледна кога тој го продаде семејниот имот во 2023 година за огромни 33 милиони долари. Овој имот почнал да го создава пред повеќе од три децении, кога ја купил вилата од Касандра Петерсон за „само“ 1,7 милиони долари.

Тој на крајот го прошири имотот на пет куќи и земјиште, со скејт парк, тајна пештера и три базени. Тоа беше местото каде тој и Анџелина ги одгледаа своите шест деца.

Пред неколку години, тој купи три студија од својот пријател, британскиот скулптор Томас Хаусаг, во трендовскиот кварт Фрогтаун во Лос Анџелес.

Оваа област, некогаш индустриска, сега е рај за уметничката заедница. Прво, во април купил парцели кои биле една до друга за 4.095.000 долари, по што ја купил зградата од другата страна за 2.933.500 долари. Тој го финансираше ова со заем од 2 милиони долари од Националната банка. Во јули 2022 година, тој го купи Сиворд, поранешниот дом на американскиот автор Д.Л. Џејмс во Кармел, Калифорнија, за 40 милиони долари, без кредит.

Правните битки на Бред и Анџелина сега се прошируваат на заедничките деловни потфати, како што е француското лозје Миравал.

Купено за 60 милиони долари во 2011 година, овој имот со 35 соби од 1.000 хектари сега е во центарот на нивните спорови.

Во 2023 година, Бред заработил околу 31,3 милиони долари, што го прави вториот најуспешен инвеститор во недвижности на познати личности. Само Марк Волберг, кој ја продаде својата куќа во Јужна Калифорнија за 55 милиони долари, заработи повеќе.

Share
Scroll to Top