Свршеницата на Кристијано Роналдо, Герогина Родригез, се сликаше за шпанското издание магазинот „Космполитан“. Фотосесијата ја направи на почетокот на бременоста, а на една од двете насловни страници се гледа нејзиниот труднички стомак.
Во интервјуто за Космо, манекенката вели дека било предодредено таа и Кристијано да се сретнат и заљубат.
Георгина (27), која позира во секси фустани, дел од фотките објави на Инстаграм, а фановите велат дека изгледа многу самоуверено и среќно.
За потсетување, таа е бремена петти месец и со Роналдо чекаат близнаци, момче и девојче. Тие веќе имаат едно дете, а се грижат и за трите деца што Кристијано ги доби од сурогат мајка.