СОСТОЈКИ:
Бисквит
- 3 банани (меки и зрели)
- 170 грама путер или маргарин
- 200 грама кристален шеќер
- 100 грама кафеав шеќер
- 10 грама прашок за пециво
- малку сол
- една лажица екстракт од ванила
- 3 јајца
- 300 мл млеко
- 350 грама меко брашно.
Глазура
- 80 грама путер или маргарин
- 200 грама крем-сирење
- 150 грама шеќер во прав.
ПОДГОТОВКА:
Вклучете ја рерната да се загрее на 180 степени. Додадете ги двата вида шеќер во омекнат путер и добро изматете. Потоа додадете пасирани банани и повторно изматете. Додадете јајца, прашок за пециво и сол и повторно изматете. Полека истурете го млекото, мешајќи со миксер, а потоа на крај брашното и сè изматете повторно со миксер. Истурете ја смесата во калап 35 × 25 см обложен со хартија за печење и ставете го во загреана рерна. Времето за печење зависи од вашата рерна и ни требаа 50 минути. Изладете ја тортата и посипете ја со шеќер во прав или ставете премаз што ќе го направите како што следува: матете го путерот со крем-сирење, а потоа додадете шеќер во прав и изматете сè лесно. Премачкајте ја тортата и исечете ја на коцки.
Ќе ви се допадне
Би можело да ве интересира
Најевтините туристички атракции во светот според „Трип Адвајзер“
(Видео) Русинка го развиори украинското знаме на врвот на Монт Еверест
(Фото) Том Круз на премиерата на новиот Топ Ган слета со хеликоптер
(Видео) Тамара со исти финти низ лавринти има нов спот и песна
(Фото) Раперот Лил Узи Верт си вгради розов дијамант во челото
Холивудски двојки кои раскинаа во 2020 година
