Британец ѝ ставил клуч на банката која пред 18 години одбила да му даде кредит

Британец ѝ ставил клуч на банката која пред 18 години одбила да му даде кредит

пред 3 месеци

Британецот Адам Диринг во 2020 година ја купил и ја уништил локалната банка во Урмстон, во округот на Манчестер, затоа што во 2002 година, од истата не успеал да подигне кредит за да започне свој бизнис.

Адам во 2002 година вели дека од банката одбиле да му дадат заем од 10.000 фунти, за да почне со свој бизнис. Менаџерката тогаш била скептична и одбила да му ги даде парите, под изговор дека тој бил многу млад и неискусен.

Менаџерката тогаш не се ни посомневала дека нејзината одлука ќе влијае во животот на Адам. Британецот вели дека во тој период не можел да си дозволи да купи ниту маса ниту столици во канцеларијата во која работел. Вели дека морал да јаде на подот.

„Кога имав 21 година, ја напуштив продавницата каде работев, затоа што сакав да почнам самостоен бизнис. Но, немав пари, па ми беше потребен заем. Им го претставив целиот мој план на службениците во банката и побарав 10.000 фунти. Но, менаџерката не ме свати сериозни, иако на тој план го вложив целото мое срце и душа. Кога ми рече дека бев млад и неискусен и дека не сака да ризикува, бев скршен. Затоа што немав пари, четири месеци морав да јадам од подот, затоа што немав ниту маса ниту столици. Тоа беше момент кога помислив дека е крај за мене. Но, одбив да се предадам“, вели Адам.

Адам за себе вели дека бил проблематиен тинејџер, па на 14 години бил избркан од школо затоа што вандализирал еден автомобил. Потоа се запишал во единицата за Кралското воено воздухопловство, но брзо потоа се откажал, затоа што многу пиел.

Се вратил во Урмстон, каде постојано ги менувал работите и често добивал откази. Тогаш вели дека добил помош од комшијата Крис. Тој го мотивирал да најде добра работа во компанија која се занимава со финансиско управување, додека не одлучил и самиот да проба да биде свој газда.

До 2014 година, Адам вели дека успеал во својот бизнис и дека ја продал својата компанија за 5 милиони фунти. Неговиот труд му се исплатил и во наредните години.

Тој денес се занимава со управување на долгови и заштеди. Адам им помага на голем број компании како да ги организираат своите фиансии, а благодарение на успехот кој го остварил, тој денес е и одличен мотивационен говорник.

За да ѝ се одмазди на локалната банка, која во најтешките моменти одбила да му помогне, тој ја купил целата зграда во која таа се наоѓала, за 450.000 фунти.

Адам вели дека зградата која ја купил, во која се наоѓала банката, целосно ќе ја реновира и ќе добие нова намена. Тој планира да изгради осум станови и една продажна единица на тоа место.

„Купувањето на оваа банка за мене беше начин да ја заокружам оваа приказна и да им покажам дека бев во право кога јас си верував самиот во себе“, вели Адам, а пренесува „Дејли Мејл“.

Share

Sword Art Online Alicization War of Underworld (Dub) (https://animefreak.ws/m/5w2Z) Episode 12 at website https://animefreak.ws animefreak my hero academia

Watch Naruto: Shippuden Episode 496 (https://gogoanime.be/m/kLE/ep-496) at GoGoAnime gogoanime re zero

Scroll to Top