Британскиот милијардер Алан Хауард се ожени со готвачката Каролин Бајрон на раскошна венчавка во Италија. Основачот на хеџ фондот, кој според Форбс може да се пофали со богатство од 1,6 милијарди долари, се ожени со готвачка која е специјализирана за диета без глутен. Церемонијата се одржа во вилата Олмо на езерото Комо.
Алан, кој официјално се ожени со Каролина во 2020 година, наводно платил 1,3 милиони евра за да затвори езерска вила од 18 век за еден месец. Невестата дошла во вилата со брод, како и останатите гости, а носела шик бел фустан и чанта Диор.
По еврејската церемонија, на свадбата пеела Лејди Гага, а потоа имало голем огномет.
Хауард е познат по својот луксузен живот – има голема уметничка колекција и пентхаус од 22 милиони фунти во кулата на Трамп во Њујорк, како и стан вреден 14 милиони во Мајами. Во 2010 година, тој се појави на насловните страници откако плати 25.000 фунти за пејачката Пикси Лот и бендот JLS да настапат на прославите на неговиот 13-годишен син Даниел. Хауард има четири деца со поранешната сопруга Сабина од која се разведе во 2015 година. Неговата нова сопруга, поранешна манекенка, води свој блог со рецепти без глутен Simple Caro. Њујоркерката се заинтересирала за храна и готвење кога на 10-годишна возраст се заразила со Лајмска болест.