Бурна биографија на Доналд Трамп, од реално шоу и напуштање на факултетот до Белата куќа

Бурна биографија на Доналд Трамп, од реално шоу и напуштање на факултетот до Белата куќа

пред 11 месец

Доналд Џон Трамп е роден на 14 јуни 1946 година во Њујорк, како четврто дете во семејството на Фред и Мери Ен Трамп. Тој има уште двајца браќа и две сестри.

Од страната на татко му, Трамп има потекло од Германија, од каде неговиот дедо Фридрих емигрирал во САД во 1885 година. Неговата мајка е имигрант од Шкотска.

Доналд Трамп полагал воена академија во Корнвол, по што се запишал на  Универзитетот „Фордам“ во Бронкс. По две години, тој го напушта факултетот и се префрлува во училиште за економија.

Тој се запишува во „Вортон“, универзитет во Пенсилванија, каде што во 1968 година дипломира во областа на економијата. Се посветил на семејниот бизнис и во 1974 година стапил на чело на организацијата „Трамп“.

Во периодот на седумдесеттите и осумдесеттите години неговата организација се проширила и опфатила изградба на бројни луксузни хотели и станбени објекти. Но, економската криза во деведесеттите години влијаела на тоа бројни негови фирми и објекти да бидат затворени.

Освен како бизнисмен, Трамп  е познат и по создавањето на неговото реално шоу. Трамп има пет деца, три од првиот брак, кој ги доби со Ивана Трамп. Едно дете има со поранешната сопруга Марлом и едно со сегашната сопруга Меланија Трамп.

Во периодот на осумдесеттите години Трамп во повеќе наврати во јавноста говорел за потенцијалното кандидирање за претседател. Често го менувал своето политичко определување, а интересен е и фактот дека во еден период отворено ја поддржал Демократската партија.

Во јуни 2015 година Трамп објави дека ќе се кандидира на претстојните американски избори, а официјалната номинација на Републиканската партија ја доби во јули 2016 година.

Противкандидат му беше Хилари Клинтон, која Трамп остро ја критикуваше. Трамп однесе победа над Клинтон во јануари 2017 година и стана 45. американски претседател.

Иако влезе во еден вид трговска војна со Кина, сепак не ги вовлече САД во ниту еден нов воен конфликт, за разлика од неговите претходници. Најголемата поддршка Трамп ја има меѓу евангелистите и конзервативните делови на американското општество, како и од повеќето машко и бело население во САД.

 

Share

Animeflix - Watch your favorite anime online FREE.

WCOStream: Boku no Boukuugou anime episode Full online free at https://wcostream.cc wcostream we bare bears

AnimeFreak: Chocotto Sister anime episode 24 online free at https://animefreak.ws watch anime dub

Watch Crash! Episode 1

Dulich yenbai: https://dulich.yenbai.gov.vn/noidung/hoidap/Pages/hoi-dap.aspx?ItemID=2287

Metal-archives: https://www.metal-archives.com/users/gogoanimelol

Scroll to Top