„Варијации“ на Симон Трпчески е меѓу најдобрите албуми според британскиот магазин „Грамофон“

„Варијации“ на Симон Трпчески е меѓу најдобрите албуми според британскиот магазин „Грамофон“

пред 2 години





Британскиот музички магазин „Грамофон“ го избра „Варијации“ на Симон Трпчески за еден од најдобрите солистички пијано албуми на годината. Албумот го објави британската издавачка куќа „Лин рекордс“ во март годинава, а на него Трпчески се претставува со помалку изведувани дела од Моцарт, Бетовен и Брамс.

„Трпчески на овој прекрасен албум ги истражува и очигледно ужива во тројцата мајстори на варијациите, Бетовен, Брамс и Моцарт“, истакнува „Грамофон“.

Изведбата на Трпчески на два сета варијации на Бетовен се најде и на листата најдобри изведби на дела од германскиот композитор во 2022 година, информира здружението за култура и уметност КултурОп.





Share
Scroll to Top