Ватс ап подготвува нови опции кои ќе ја подобрат безбедноста на корисниците

Ватс ап подготвува нови опции кои ќе ја подобрат безбедноста на корисниците

пред 2 години

Ватс ап е сериозен во намерата да ја засилат безбедноста на својата платформа и да ја подобрат приватноста на корисниците. Последната опција на која работат треба да осигура дека корисниците се најавени на нивната сметка.

dobivaj vesti na viber

Одобрување за најавување е безбедносна карактеристика која ќе испраќа известувања до корисниците доколку открие обид за најавување од непознат уред, односно уред што корисникот претходно не го овластил. Инстаграм и Фејсбук веќе имаат слична опција, како и некои други платформи или социјални мрежи. Така, корисниците можат да ги видат во известувањето времето и уредот од кој се обидел да пристапи до нивната сметка и да одобри или одбие пристап до соодветната сметка. Но, тоа не е единствената безбедносна карактеристика на која работи Ватс ап. Неодамна, WABetaInfo откри дека се развива „двоен код за верификација“, односно еден вид автентикација во два чекора, која би побарала од корисникот идентификација на два различни начини.

Така, ако некој се обиде да ја внесе сметката користејќи, на пример, PIN, но користи непознат уред, системот ќе бара од него да ја потврди безбедносната шифра што ќе биде испратена до оригиналниот уред. Слично како во моментот како кога кодот се испраќа на мобилен телефон, по внесување лозинка при пристап до е-пошта или Фејсбук.

Share
Scroll to Top