Луѓето кои редовно вежбаат, имаат поцврсти и позатегнати тела и затоа се позадоволни со себе. Тоа значи и поголема самодоверба и либидо, а резултат на тоа е поквалитетен сексуален живот, тврди познатиот сексолог д-р Лорен Стрејчер, директорка на Центарот за сексуална медицина во Чикаго, Илиноис, САД.
„Аеробик-вежбите се посебно добри за подобрување на кардиоваскуларата кондиција, што го поттикнува крвотокот низ цело тело, па и во областа на гениталиите“, вели таа.
Според неа, кај жените, протокот на крвта е пресуден, оти од тоа зависи и секретот. А пак, кај мажите ја стимулира ерекцијата.
„Кај мажите, поинтензивните тренинзи го зголемуваат лачењето тестостерон, што значи и поинтензивна желба за секс“, додава таа.
Центрите за контрола и превенција од болести препорачуваат најмалку 150 минути тренинг со умерен интензитет или 75 минути поенергични аеробик-активности, неделно. Џогирање со побрзо одење или лесен велосипедизам се примери за умерени вежби. Во поинтензивни активности спаѓаат трчање, брз велосипедизам, кошарка, одбојка, ракомет, фудбал и слично.