Шведската група АББА го објави спотот за нивната прва божиќна песна Little Things. Песната ќе се најде на нивниот последен албум Voyage, кој го објавија минатиот месец, во пресрет на нивното долго очекувано дигитално враќање на музичката сцена во Лондон следната пролет.
Приходот кој ќе го соберат од песната ќе оди во UNICEF, во Глобалниот фонд за заштита на децата.
„Мислиме дека е невозможно да ја искорениме сиромаштијата без зајакнување на жените. Затоа го поддржуваме UNICEF во заштита на девојчињата од сексуално насилство и нивното зацврстување низ Глобалниот фонд за заштита на децата. Тоа го правевме низ годините и со нашата песна Chiquitita, па сега одлучивме на UNICEF да му подариме божиќен подарок во вид на втора песна Little Things од нашиот албум Voyage“, рекоа АББА во заедничката изјава.





