Британката пејачка и текстопиец Адел (33) рече дека мора да ги одложи концертите во Лос Анџелес затоа што е заразена со коронавирус. Таа ги откажа концертите на само 24 часа од нејзиниот прв настап. Таа објави и видео кое го сподели со фановите.
„Жал ми е, но, концертите едноставно не се целосно подготвени. Половина од мојот тим е заразен со коронавиру и беше невозможно да ги завршиме сите подготовки“, рече Адел.
Таа додаде дека се обиделе да направат сè за да концертите се одржат, но, за жал вирусот си го направил своето.
„Се обидовме со сè што можевме за да ги одржиме концертите на време, но короната на уништи“, рече таа. „Не можам да ви го дадам она што во моментов го имам затоа што сум ицрпена и изнервирана за сето тоа што се случи во последен момент. Жал ми е за сите кои мораа да патуваат“, рече таа.
Адел рече дека ќе ги поместат сите датуми и дека во моментов работат на тоа. Од фановите доби еден куп пораки со поддршка.
„Сè ќе биде во ред. Луѓето ќе ја почувствуваат твојата љубов кога за тоа ќе дојде време. Таков е животот, времињата се тешки секаде. Немој тоа да се обесхрабрува. Немој да бидеш вознемирена околу тоа. Немој да плачеш“, и порачаа тие.
За потсетување, влезниците за концертот беа распродадени за само неколку минути.
View this post on Instagram