(Видео) Александра Иванова со нов сингл „Дали сме“ – емотивна поп приказна во соработка со македонскиот бенд D’reamers

(Видео) Александра Иванова со нов сингл „Дали сме“ – емотивна поп приказна во соработка со македонскиот бенд D’reamers

пред 3 часа

„Дали сме“ е специфичен поп-проект без типичен рефрен, со елементи на импровизација, кој ја истакнува искреноста на вокалот и емоционалната длабочина на песната. Станува збор за современа поп-балада изградена врз нежната, но изразна вокална интерпретација на Александра. Песната зборува за ранливоста, предавањето и искрената поврзаност. Присутни се моменти на копнеж, радост и неизвесност, но и желба тоа нешто да потрае.

Текстот и музиката се дело на Синиша Карафилоски и Александра Иванова, додека аранжманот го потпишува Дамир Пух. Продукцијата и финалниот микс се реализирани во „Green Room Sound Studio“.

Видеоспотот ја надополнува приказната со минималистички сцени и симболики како поглед и отворање на книга којашто го претставува внатрешниот свет и мечти, лутањето низ градот како барање на себеси и барање на емотивна поврзаност со другите, како и затворањето на книгата како една симболика дека некое поглавје се затвора и неизвесноста што останува да тлее и понатаму. Спотот е снимен во Љубљана, град којшто се поврзува со самата артистка бидејќи има оставено најголем белег во градењето како на нејзиниот артистички профил, така и лично.

 

Share
Scroll to Top