Британската манекенка Кејт Мос пред неколку дена сведочеше во корист на Џони Деп во спорот што глумецот го води со неговата поранешна сопруга, Амбер Херд. Откако снимката од онлајн сведочењето се појави на интернет, јавноста вели дека Амбер покажала колку е љубоморна и не можела да ги скрие чувствата додека Кејт зборува за некогашната љубовна врска со Деп.
„Амбер внимателно слуша додека зборува Кејт, но почнува брзо да трепка, превртува со очите и покажува незадоволство од исказите на манекенката, што е јасен доказ на љубомора“, велат експертите за говор на телото и фацијални експресии.
Снимката од сведочењето на Кејт е прегледана повеќе од 5,2 милиони пати, а многумина сега ја исмејуваат Амбер и ја фалат Кејт.
„Кејт е елегантна и достоинствена. Нешто што Херд никогаш нема да биде“, „Амбер е лута и сигурно пука однатре. Страшна жена. Така татко ми се однесуваше кога ќе го фатеа во лага – брзо трепкаше и издишуваше“, „Лицето на Амбер кажува сè“, „Смешно е да се види како брзо трепка кога ќе се налути“, „Јасно е дека Амбер не сакала да слушне дека Кејт и Деп имале долга врска“, „Да ја гледаш Амбер како ‘пука’ во тишина веројатно е најсмешната работа која некогаш сум ја видел“, „Амбер е нарцисоидна и не може да поднесе дека Џони не е нејзина сопственост“, „Полуде. Не може да го поднесе фактот дека е фатена во лага и дека Кејт е многу поубава од неа“, се дел од коментарите.
За потсетување, судењето меѓу Деп и Херд заврши во петокот, откако адвокатите на двајцата актери ги кажаа завршните зборови, а сега судот треба да донесе конечна одлука.