(Видео) Американците направија авион кој може да стигне од Њујорк до Токио за само еден час

(Видео) Американците направија авион кој може да стигне од Њујорк до Токио за само еден час

пред 10 месеци

Стартап воздухопловна компанија Venus Aerospace создаде хиперсоничен авион кој може да стигне од Њујорк до Токио за само еден час. Ги објавија првите фотографии. За да може да ја постигне брзината од 9 маха, авионот мора да лета до самиот раб на вселената, пред да слета на Земјата.

Авионот нареченStargazer, може да достигне максимална брзина од 9 маха. Импресивната моќност ја црпи од моторот со ротациона детонација кој се врти со брзина од 20.000 обрти во секунда, но полетува со користење на конвенционални млазни мотори.

Авионот е развиен во соработка со тимот на НАСА за вселенски летови. Тимот кој стои за овој проект, ги проучувал податоците од програмата на Спејс шатлите на американската вселенска агенција, пишува San.

Stargazer ќе полета од конвенционален аеродром, а кога ќе се изгради, ќе биде ист или сличен како и другите авио-компании како што се EasiJet, Rianair i British Airvais. Прототипот на авионот веќе е направен и засега се направени само компјутерски симулации.

Планирано е да биде широк 30 метри, долг 45 метри, а тежок 68 тони. Ќе има место за само 12 патници, па се очекува цените на картите да бидат прилично високи.

„Ова не е научна фантастика, ова е научен факт“, рече доктор Ендру Даглеби, коосновач на Venus Aerospace.

„Работевме со НАСА во вселенскиот центар Џонсон и можевме да пристапиме до информации од тестот за соничен бум од програмата „Спејс шатл“. Утврдивме дека на висината и брзината на летот нема да можете да не слушнете, ќе летаме на надморска височина од 51 километар со брзина од 9 маха“, објасни Даглеби.

 

Share
Scroll to Top