(Видео) Андреа го промовираше спотот за песната за Евросонг

пред 4 години

Денеска на официјалниот јутуб канал на Евровизија е промовиран спотот за песната Circles со која Андреа ќе ја претставува Македонија на Евросонг во Торино.

Спотот е во продукција на Македонската Радио Телевизија, а го режираше Горан Цветковиќ, додека за стилиот се погрижи Цаце Паковска. Вифдеото е снимено на повеќе препознатливи локации во Скопје и доминира Андреа и природната емоција на нејзиниот лик.

„Јас сум искрено презадоволна. Работевме посветено и со овој спот мислам дека покажавме дека не секогаш финансиите се пресудни, за да се испорача квалитетен продукт. Спотот е работен со многу ентузијазам во мошне краток временски период, што го направи искуството уште повозбудливо“, вели Андреа за спотот и додава дека тимската работа и взаемната позитивна енергија биле пресудни за одличното видео.

„Морам да го пофалам тимот на МРТ кој не ме остави сама во ниеден момент и несебично ми помогна да ја реализирам идејата. Тоа ми покажа дека тие целосно веруваат во мене и проектот“, вели таа.

Андреа Коевска: Сакам да имам и најубаво тело на Евросонг, поспремна не сум била

Share
Scroll to Top