Младата пејачка Андријана Петрушовска растури во саботата на „Ѕвездите на Гранд“. Со сите шест гласови од жирикомисијата Андријана влезе во четвртфиналето и со тоа потиша договор со „Гранд“. Жирито и овој пат падна на добриот настап на Петрушовска.
“Браво, браво, лудница“ – беше коментарот на Марија Шерифовиќ,а воодушевувањето не го сокри ни Цеца Ражнатовиќ: „Што ти реков, што ти реков? Браво кукло“. Покрај одличниот настап, Андријана секоја емисија во музичкото шоу внимание остава и со своите впечатливи стајлинзи, особено сега кога таа беше облечена како „cat woman“.