Кларинетистот Благојче Трајковски ја промовира песната „Трепет“, која ја направи во соработка со пејачката и виолинистка Андријана Јаневска. „Трепет“ е емотивна инструментална балада, во која се вклучи и камерниот оркестар составен од врвни музичари и неколку гости инструменталисти, меѓу кои и најдобриот перкусионист од Македонија Ратко Даутовски и гитаристот од Бугарија Петар Миланов.
„Оваа композиција е создадена во духот на класичната музика, со елементи од македонската староградска музичка традиција. Автор сум на музиката, а маестрално ја аранжираше композиторот и диригент Димитар Христов. Видеото го направи екипата на Веста продукција, а спотот е снимен во Завод и музеј во Битола. Во спотот значаен придонес даваат младите танчери Мила Димовска и Томи Марох, кои со својот перформанс му даваат посебна уметничка димензија на целиот музички и визуелен производ“, реке кларинетистот и најави дека работи на својот албум.