(Видео) Антониа Гиговска чека оценка од мераклии откако го пееше хит од филмот „Тома“

(Видео) Антониа Гиговска чека оценка од мераклии откако го пееше хит од филмот „Тома“

пред 3 години

Пејачката Антониа Гиговска на Инстаграм објави видео како го пее хитот од филмот „Тома“, „Полноќ е“. Таа откри дека „Тома“ ѝ е еден од најубавите филмови што ги гледала, па затоа решила да испее нејзина верзија на песната.

„Мераклии на кафана сакам оценка во коментар“, напиша таа.

Ја пофалија неколку музичари, меѓу кои Тамара Тодевска и фолк-пејачот Ацо Пејовиќ. „Браво малечка“ ѝ коментираше српскиот музичар.

Малкумина знаат дека Пејовиќ за потребите на филмот ги препеа сите песни на Тома Здравковиќ, па во „Тома“ се слуша неговиот глас, а не оригиналните песни.

Share
Scroll to Top