(Видео) Астероид неодамна поминал покрај Земјата, без никој да го примети

(Видео) Астероид неодамна поминал покрај Земјата, без никој да го примети

пред 7 месеци

Астероидот со име 2020VT4 ѝ се доближил на Земјата на само 400 километри, без притоа никој да го забележи. Блиската средба со асетроидот се случила во петокот на 13. ноември, а откриен е дури откако истиот се оддалечил од нашата планета.

Оддалеченоста на астероидот од само 400 километри од Земјата, е рекордна близина, а системот за предупредување на астероидот ATLAS, на Хаваите, го открил дури 15 часа откако истиот се оддалечеил. Овој астероид бил со дијаметар од пет до десет метри.

Научниците вела дека е двојно помал од оној кој експлодирал во Челјабинск и дека најверојатно би согорел во атмосферата, пренесува „Раша тудеј“.

Тоа досега е најмалата оддалеченост од некое небесно тело, кое не паднало на Земјата, од кога таквите средби се бележат. Претходниот рекорд го држи астероидот 2020 QG, кој се приближил на 3000 километри на 16. август оваа година.

Поради приближувањето кон Земјата, променет е патот на овој астероид, па сега орбитата низ Сончевиот систем, место 315 дена, изнесува 549. Според новите пресметки, тој повторно ќе се приближи кон Земјата, на 13. ноември 2052 година, но би требало да биде оддалечен 2,9 милиони километри.

Назабележителното приближување на астероидот само го покренало прашањето во јавноста, дали и колку системите за рано предупредување на вакви појави, се ефикасни.

Извор/Курир.рс

Share

KissAnime hunter x hunter kissanime: Watch Black Clover Episode 91

AnimeFreak dubbed anime: Attack on Titan Episode 25

Scroll to Top