На модната недела во Париз за време на ревијата на Коперни, беше изведно модно шоу со манекенката Бела Хадид која на пистата се појави само во долна облека и штикли, покривајќи ги градите со рацете.
Дизајнерите со спреј направија фустан на нејзиното тело, кој во финалната форма изгледа многу реално.
„Сакавме да му го посветиме овој момент на д-р Мануел Торес, извршен директор на jFabricana Ltd., бидејќи многу го почитуваме она што тој го работи“, рече кокреативниот директор на брендот Арнауд Вајлан.