(Видео) Битолчанецот Менде Куновски промовира модерна серенада

(Видео) Битолчанецот Менде Куновски промовира модерна серенада

пред 1 година





Пејачот Менде Куновски од Битола објави нова песна. „Мастило“ е модерна серенада и е продолжение од претходната „Празен календар“. Ја напиша Борче Нечовски.

Музиката е на Суад Хусеин – Цуле, а аранжманот на Ташко Грујовски. Спотот го сними „Арт продукција“ и во него се појавува битолчанката Анита Јовчевска.

„Многу сум пребирлив кога станува збор за песните и затоа не објавувам често. Екипата со која работам ме познава доволно добро и знае што може да ме погоди. Задоволен сум од реакциите на пријателите. Сите се позитивни, а се надевам дека ќе и се допадне и на публиката“, ни рече Менде и дополни дека работи и на нова тамбурашка песна со колешка од Србија.

 





Share
Scroll to Top