Наставникот по англиски јазик, Борко Петровиќ од Параќин, Србија е прогласен за најдобар едукатор во светот. Признанието ќе го добие утре во Индија во Њу Делхи каде ќе има можност да се обрати пред делегати од 110 земји. Рече дека патот до успехот му бил тежок и траел цели 18 години, пренесе Kanal M.
Пред неколку недели на конференција во Требиње, неговите колеги го предложиле за ова значајно признание. На конференцијата присуствувале повеќе од 200 наставници.
За тоа колку е добар и посветен на работата и дека секогаш е подготвен да помогне, сведочат и неговите колеги од работа. Веќе повеќе години предава англиски јазик во гимназијата „Стеван Јаковљевиќ“. Гимназијалците се горди на успехот кој нивниот ментор по англиски го има постигнато.
Освен што е возбуден дека ќе го добие значајното признание, Борко рече дека се чувствува и еуфорично што за првпат ќе ја посети Индија.