(Видео) Британски режисер бил убиен од родителите затоа што не бил оженет

(Видео) Британски режисер бил убиен од родителите затоа што не бил оженет

пред 4 години

Британскиот режисер од Лондон, со иранско потекло, Бабак Хормандин (47), бил убиен од страна на родителите затоа што не сакал да се жени, пишуваат британските медиуми.

Злостроството се случило во градот Ектабан во западен Иран, а било каратеризирано како убиство од чест. Хормандин, кој со години престојувал во Лондон, се вратил во Иран за да подучува студенти по кинематографија.

Полицијата пронашла делови од неговто распарчено тело во кесите за ѓубре. Веднаш ги уапсила неговите родители, кои признале дека го убиле синот. Британските медиуми пренесуваат дека Бабак се расправал со својот татко, кој бил гневен затоа што имал 47 години, а не бил оженет.

Мохамед Шахијари, главниот судија од Криминалниот суд во Техеран, изјавил дека татко му на Бабак, Акбар, признал дека го издрогирал својот син пред да го избоде со нож. Потоа го распарчил неговото тело во бањата со помош на сопругата.

Деловите од телото ги фрлил во кеси за ѓубре. Акбар признал дека пред три години ја убил и својата ќерка, а зетот пред десет години. Убиството го извршил исто талка поради честа и затоа што двајцата биле морално корумпирани.

По признавањето на злосторствата, тој бил испратен во затвор, каде што го чека судењето. Полицијата ја уапсила и неговата сопруга поради соучесништво во убиството на синот. Полицијата ја пребарала целата куќа и нашла докази дека убиството се случило на тоа место.

Подоцна се појавила и снимка од една безбедносна камера, на која се гледа како двајцата сопружници носат торба и кеси со телото на синот до кантите за ѓубре. Инаку, убиениот Бадак дипломирал на Академијата за уметност во Техеран во 2009 година.

Потоа тој заминал во Лондон на постдипломски студии. Во Лондон снимал кратки автобиографски филмови за искуството на Иранците на Западот. Неговото убиство е само едно од низата злосторства направени поради чест. Ваквите злосторства сè уште не се искоренети од иранското друштво.

Иран неодамна го потресе и веста за убиството на Али Фазели Монфард, кој бил убиен и обезглавен од страна на својот полубрат кога дознал дека е хомосексуалец.

Иако властите во Иран донесоа нов закон во 2020 година, кој ги штити децата и младите од убиства направени поради чест, семејното насилство и понатаму цвета во оваа земја и се покажало дека е тешко да се искорени.

Пандемијата на коронавирусот и затворањето придонеле само за пораст на бројот на случаи на семејно насилство затоа што луѓето се принудени да поминат повеќе време заедно во своите домови.

Share
Scroll to Top