(Видео) Весна Станојевска Микиќ ја отсвире првата македонска електрокустична мелодија за соло харфа

(Видео) Весна Станојевска Микиќ ја отсвире првата македонска електрокустична мелодија за соло харфа

пред 2 години

Харфистата Весна Станојевска Микиќ ја промовира мелодијата Urban pulse, прво електроакустично дело од македонски автор за соло харфа и лента во современото музичко творештво. Автор на музиката е Ана Пандевска, а режисер на видеото е Андреј Марјановиќ. “Станува збор за мултимедијален проект во кој се преплетуваат авторската музика, изведувачката дејност и режијата како три различни уметности“, вели Ана .Пандевска.

„Во музиката се чувствуваат влијанија од амбиенталната музика, минимализмот како правец и современата авангарда. Преку видеото, во кое се прикажуваат двете страни на градот, онаа спокојната од изгрејсонце додека градот спие преку секојдневниот метеж и бучавата што се карактеристични за еден главен град, сè до зајдисонце и заспивањето на градот“, вели за „Репортер“ Весна Станојевска Микиќ.

Дел од видеото е снимено во Музејот на современа уметност, што дава различен амбиент и убава панорама, но и дистанца од метежот на градот.

„На овој начин можеше да се потенцира контрастот меѓу музиката на харфата, која во дамнешни времиња се верувало дека е инструмент што може да ги смири боговите, и деловите каде бучавата од градот за момент ја прекинува хармонијата. Овој контраст меѓу самите делови од композицијата се трудев да го пресликам и визуелно, мешајќи сцени од градот, градилиштата, улиците и хаотичното движење што во ниеден момент не престанува“, рече режисерот Марјановиќ.

Проектот е дел од годишната програма на Министерството за култура, а дел од локациите се со поддршка на Музејот на современа уметност. Музиката е снимена во Fames project studio.

Share
Scroll to Top