(Видео) Видео бим падна на концерт, повредени се двајца изведувачи

(Видео) Видео бим падна на концерт, повредени се двајца изведувачи

пред 3 години

Двајца изведувачи се повредени за време на концертот на бендот „Мирор“ од Хонгконг. Несреќата се случила откако голем видео бим паднал на сцената. За среќа никој од 12 членови на бендот не биле повредени, а двајцата одма биле префрлени во болница. Едниот бил со потешки повреди.

dobivaj vesti na viber

На концертот им се слошило и на три жени, од кои едната исто така била префрлена во болница, но била во свесна состојба, додека другите две не побарале помош, пренесоа медиумите.

Надлежните велат дека по несреќата другите на сцената побрзале да им помогнат на повредните. По инцидентот концертот бил прекинат, а публиката била замолена да ја напушти салата.

„Шокиран сум“, рече лидерот на Хонгконг Џон Ли и изрази желба за брзо опоравување на повредените.

Додаде и дека владата ќе направи целосна истрага и ќе бидат разгледени сите безбедносни процедури за да се заштитат изведувачите, персоналот и јавноста.Градската власт нареди бендот да ги одложи настапите за во иднина.

Share
Scroll to Top