(Видео) Водителката Јована го покажа телефонот со порно страници во емисија

(Видео) Водителката Јована го покажа телефонот со порно страници во емисија

пред 1 година

Српската водителка Јована Јеремиќ во утринската програма на „Пинк“ на гледачите им покажа мобилниот телефон за да им покаже видео на интернет. Но, место видеото гледачите видоа неколку порно страници.

„Вчера имавме технички проблеми, но не е важно, мојот телефон работи“, рече Јована пред да го извади мобилниот. Сега тврди дека не ги посетила овие линкови и дека не знае за што станува збор.

„Знаете дека немам проблем да кажам дека гледам нешто, но ова нема врска со мене. Не гледам порно филмови на мојот телефон, а кога ги гледам тоа го правам на компјутер. Гледам што е означено овде, но не посетувам ништо од тоа, ниту одам на „Твитер“ затоа што немам. Како што ми беше пратен линкот, го кликнав, тоа е тоа“, рече Јована.

„Кога ќе кликнете на линкот се нуди некоја порнографска содржина, кликнав со намера да ја исклучам. Никој не гледа порно филмови на телефон. Тоа не е моја листа на зачувани страници“, додаде таа.

Share
Scroll to Top