Во Москва паднаа рекордни количини снег какви што се немаат забележано во последните 28 години, рече рускиот метеоролог Јевгениј Тишковец.
„Во Москва за само еден ден падна снег што одговара на 20 % просечни месечни количини. Толку количина снег не е забележана од 1993 година“, рече Тисковец.
Тој рече дека висината на снегот достингнала 30 сантиметри и дека за 24 часа снежната покривка се удвоила. Тисковец рече дека во главниот град на Русија паднал толку рекордно количество снег што се нашол на удар на активен снежен бран.
Тисковец потсети дека најголемата забележана количина снег во последните 72 години паднала во Москва на 7 декември.