(Видео) Гледачите разочарани за продолжението на Џокер: „Чија беше оваа глупава идеја да направат мјузикл?“

(Видео) Гледачите разочарани за продолжението на Џокер: „Чија беше оваа глупава идеја да направат мјузикл?“

пред 9 месеци

Студиото Warner Bros. Pictures го објави првиот трејлер за Joker: Folie à Deux, долгоочекуваното продолжение на Џокер од 2019 година, но има едно нешто што не им се допаѓа на повеќето обожаватели.

Со Хоакин Феникс како Џокер и Лејди Гага како Харли Квин, трејлерот се отвора во менталната установа каде Артур Флек, попознат како Џокер, заврши на крајот од последниот филм. Таму Артур ја запознава Харли Квин која се жали дека за разлика од него не постигнала ништо во животот.

Откако Харли и Артур бегаат од институцијата, можеме да видиме монтажа на сцени во кои танцуваат по улиците и настапуваат во клубови, додека во позадина свири песната What the World Needs Now Is Love, што е најголема замерка. на обожавателите по објавувањето на трејлерот.

Имено, продолжението на хит филмот за најпознатиот негативец на Бетмен овојпат ќе биде мјузикл.

„Го уништија затоа што направија мјузикл“, „Мјузикл? Во што се претвора овој свет“, „Се изгубив во „мјузиклот“, „Буквално никој не бараше ниту Гага, ниту мјузикл“, „Мјузикл? Мора да се шегувате?”, „Не е мој стил. Гага го уништи Џокер со влијанието за мјузикл. Ќе помине добро првиот викенд, а потоа ќе пропадне. Мјузиклите се за избрана публика, а не за масите“, „Чија е оваа глупава идеја“, се само дел од коментарите на разочараните фанови.

Џокер: Folie à Deux е во режија на Тод Филипс, кој стоеше и зад првиот филм. За разлика од првиот Џокер, чиј буџет беше околу 60 милиони долари, претстојнотото продолжение има буџет од 200 милиони долари.

Share
Scroll to Top