Голот на македонскиот фудбалер Давид Атанасовски е избран за најубав во Казахстан за 2021 година. За неговиот гол во полуфиналето од куп натпреварувањето против Тобол, гласаа 34,3% од фановите. За потсетување, неговиот тим Шахтер Караганди го победи Тобол со 5:2.
Атанаскоски со Шахтер Караганди годинава го освои седмото место во најсилниот шампионат на Казахстан. Пред да го направи својот прв трансфер во странство, тој играше за Хоризонт, Тетекс, Академија Пандев и Македонија ЃП.
Играше и за македонската фудбалска репрезентација до 21 година, тогаш предводена од селекторот Благоја Милевски. Во Казахстан тој постигна 3 гола, а последниот