(Видео) Даниел Крег откри зошто за малку ќе ја одбиел улогата на Бонд

(Видео) Даниел Крег откри зошто за малку ќе ја одбиел улогата на Бонд

пред 3 дена

Британскиот актер Даниел Крег беше гостин во подкастот на The Hollywood Reporter’s Awards Chatter. Таму тој призна дека на почетокот не бил ентузијаст за улогата на Џејмс Бонд, која ја играше во пет продолженија.

„Реков не. Во тоа време немаше сценарио, но сепак мојата ароганција беше неверојатна, па реков, додека не го видам сценариото, не можам да донесам одлука“, коментира тој.

„Тоа беше страв, од тоа и многу други работи, дека ќе ми го сврти животот. Во тоа време заработував прилично добро и ќе бев среќен ако го работев тоа што го работев до крајот на мојот живот“, рече тој.

Тој додаде дека не му пречело можноста улогата на агентот 007 да го одбележи, што на крајот донекаде се случило. Пред снимањето на првиот филм, тој се консултирал со неговиот претходник Пирс Броснан, кој му рекол да ја прифати улогата.

Share
Scroll to Top