(Видео) „Дејли мејл“: Путин не може да ја користи десната рака

(Видео) „Дејли мејл“: Путин не може да ја користи десната рака

пред 2 години

Владимир Путин не може да ја користи десната рака, пишува „Дејли мејл“, кој објави и видео од рускиот претседател. Британските медиуми повторно пишуваат за влошеното здравје на Путин, откако во јавноста се појави видео од него направено на Денот на морнарицата на Русија.

Свеченоста беше викендов, а се одржува секоја последната недела, во секоја година. Шефот на Кремљ бил виден како разговара со Ксенија, ќерката на министерот за одбрана, Сергеј Шогју.

„Дејли мејл“ пишува дека околу десната страна на неговото лице летале комарци, а Путин не можејќи да ја користи десната рака, се обиде да се заштити со левата. Ова е најновото во низата видеа на кои се гледа како Путин куца и некоординирано се движи.

Медиумите пишуваат дека имал чудни грчеви на стапалата и нозете. Во последните месеци се шпекулираа со сѐ и сешто за здравствената состојба на рускиот претседател. Надворешни известувачки служби велат дека го менува и двојник за време на јавните настапи, кога состојбата со неговото здравје драстично ќе се влоши.

Некои од медиумите минатата недела пренесоа дека Путин имал тешка мачнина минатата недела и дека лекарите биле покрај него повеќе од три часа.

Теоријата за негов двојник ја повтори и шефот на украинската воена известувачка служба, кој шпекулираше дека наместо него, во неодамнешната посета на Техеран бил користена негова замена. Ова е вторпат како Путин е во посета на странство, откако беше извршена руската инвазија во Украина пред пет месеци.

 

Share
Scroll to Top