(Видео) Додека Џеф Безос лежи на 200 милијарди долари, неговите вработени работат по 12 часа и едвај плаќаат сметки

(Видео) Додека Џеф Безос лежи на 200 милијарди долари, неговите вработени работат по 12 часа и едвај плаќаат сметки

пред 5 месеци

Повеќето работици во магацините на компанијата на најбогатиот човек на светот Џеф Безос, „Амазон“, се мачат да ги платат сметките, а повеќе од 4000 од нив, во девет сојузни држави во САД, се прехрануваат со помош на бонови за храна.

Ова го покажала една студија направена од американската владина Агенција за ревизија. Ваквата состојба е сосема поинаква од рекламите кои се слушаат за оваа компанија низ светот.

Реклами има поставено и на автобусите, порталите за побарувачка на работа, а вметнати се и меѓу песните на станиците кои пуштаат рок музика.

Од ветувачката работа од 15 долари за час и здравствено осигурување, како и насмеаните работници во промотивните снимки, се добива слика како да нема подобро место за вработување. Но, реалноста е сосема поинаква, пишува „Блумберг“.

Работниците ги отвораат своите магацини, речиси секој ден. „Амазон“ од индустрија на логистика, се претворил во работно место, кое е нешто подобро од превртување на плескавици или работа зад касата за наплата.

Во екот на пандемијата со коронавирус, „Амазон“, вработил дополнителни 250.000 луѓе, за да одговори на барањата на купувачите, кои времето го минуваат дома, купувајќи онлајн.

Голем број од работниците работат во пренатрупани магацини, ризикувајќи да бидат заразени, за само 15 долари од час. Во меѓувреме, богатството на сопственикот на оваа компанија, Џеф безос, се зголемило за 65%, само оваа година.

Повеќето обврски на работниците се сведуваат на прием на пакетите кои стигнуваат со камини, нивно разместување по полиците и секторите или на подвижната лена, од каде се испраќаат низ светот. Повеќето работни места се насоечени на луѓе со завршено средно школо.

За нив не е потребна работна биографија, туку само согласност да почнат да работат веќе од следната недела. Обично имаат еден ден обука и потоа стојат по најмалку десет часа во една иста единица во текот на работниот ден.

Мет Џанини, кој пет години работел во магацин во Њу Џерзи, вели дека тајната на „Амазон“ е во тоа да, сите задачи ги поедностави до тој степен, да секој може да ги извршува.

„Блумберг“ направил интервју со 42 работници од 20 сојузни држави во САД. На некои од нив им се допаѓа работата, а многумина се пријавиле поради здравственото осигурување до кое многу тешко се доаѓа на ваквите работни места.

Повеќето велат дека мала е можноста за напредување во високо автоматизираната средина. Еден работник се надевал дека ќе добие напредување, затоа што претходно имал менаџерско искуство.

„Тоа во моментов е најголемата компанија на светот. Мислев дека брзо ќе напредувам. Три години подоцна, јас и понатаму сум на почетното ниво. Редам артикли“, изјавил тој.

Многу работници и понатаму даваат откази или се опуштени поради проблемите со безбедноста или продуктивноста.

Кортни Браун пред три години се вработила во „Амазон“ во Њу Џерзи. Во првите неколку месеци, таа и нејзината сестра, која исто така работи таму, немале кров над главата. Постојано се селеле од мотел во мотел, нешто што ги чинело околу 600 долари неделно.

Никој не сакал да изнајми стан затоа што не заработувало доволно. На крајот, една добротворна организација им платила кирија за наредниот месец дена, за стан во кој и денес живеат. Тогаш конечно успеале да дојдат и до машина за перење.

Кортни работела од шест утрото, до шест часот попладнето. Слободните денови ги минувала дома, затоа што не можела да си дозволи да отиде некаде. Конечно кога добила зголемување од 2 долари по час, успеале некако да ги поминат празниците.

„Последното нешто што мојата сестра и јас сакаме е да ја изгубиме работата, затоа што, повторно ќе станеме бездомнички“, изјавила таа.

Истовремено, Безос, кој беше најбогат човек на светот и пред пандемијата со коронавирусот, сега станал уште побогат. Безос не само што е најбогатата личност на светот, според реномираната листа на најбогати на „Форбс“, туку е и првиот милијардер, чие богатство надмина 200 милијарди долари.

 

Share

WCOStream wcostream hunter x hunter: The Promised Neverland Season 2 Episode 11

AnimeTV gogo anime tv kissanime: Watch My Hero Academia 2 (Dub) Episode 5

Scroll to Top