(Видео) Дрво израсна низ автомобил во Франција, луѓето не можат да го објаснат овој феномен

(Видео) Дрво израсна низ автомобил во Франција, луѓето не можат да го објаснат овој феномен

пред 2 години

Невообичаен настан бил снимен минатата недела во градот Нант во Франција. Како што пренесува alienhistory, случајни минувачи снимиле дрво кое израснало и се споило со автомобил. Сведоците не можат да објаснат како се случило тоа, а видеото за брзо стана популарно.

dobivaj vesti na viber

 

Ако се погледне внимателно, може да се види дека дрвото целосно го дупнало автомобилот од дното кон врвот. Чудно е како има пуштено корени во земјата, велат луѓето.

„Не сум сигурен како е ова изводливо. Имам проблем и да разберам и што говори човекот во видеото бидејќи зборува на француски, но прво што помислив беше дека станува збор за телепортација“, пишуваат некои од коментаторите.

„Оваа појава ме потсетува на експеримент во Филаделфија кога по неуспешната телепортација, членовите на екипажот беа сместени во металот на бродот“, велат тие.

Share
Scroll to Top