Дубаи ја има најголемата градина во светот со природни цвеќиња. Миракл гарден е отворена за посетители од 2013 година каде се засадени повеќе од 150 милиони цвеќиња и се простира на 72.000 квадратни метри.
Цветовите се одржуваат со користење на прочистена отпадна вода, а дневно се трошат повеќе од 700.000 литри вода.
Во 2016 година оваа градина се најде во Гинисовата книга на рекорди за најголема скулптура направена од цвеќиња. Станува збор за скулптура во форма на Ербас А380 на Емирати.
Дубаи Миракл гарден одамна стана омилена дестинација за многу љубители на природата и прошетките. Многу заљубени парови кои сакаат да се венчаат во градината доаѓаат и тука. Во просек, 1,5 милиони луѓе го посетуваат ова место. Цената на билетот за возрасни е 13 евра, а за деца 9 евра.