(Видео) Жената со најдолгите нокти на светот ги скрати првпат по 30 години

(Видео) Жената со најдолгите нокти на светот ги скрати првпат по 30 години

пред 4 години

Американката Ајана Вилијамс прват по 30 години ги пресече своите нокти. Таа во 2017 година постави Гинисов рекорд за најдолги женски нокти на двете раце, а вкупната должина на ноктите во тоа време ѝ била речиси 5 и пол метри. Ајана не престанала да ги расте, па во наредните години достигнале должина од 7,3 метри.

Откако го собори сопствениот рекорд, таа решила да ги скрати, пренесува „Унилад“.

„Одвај го чекам новиот живот. Знам дека ќе ми недостигаат, но време е да ги скратам“, рекла таа, која последен пат кога ги лакирала, потрошила три или четири шишиња лак.

„Морав премногу да внимавам на секој потег за да не ги скршам или оштетам, а и да не се повредам“, рекла таа.

Нејзините нокти ќе бидат изложени во музеј во Орландо.

Сепак, најдолгите женски нокти некогаш ги имала Ли Ремонд, а биле долги 8,5 метри. Таа ги изгубила ноктите во автомобилска несреќа.

Share
Scroll to Top