(Видео) Жена тврди дека останала трудна по средба со вонземјанин

(Видео) Жена тврди дека останала трудна по средба со вонземјанин

пред 3 години

Американката Џо Вуд, тврди дека останала трудна по средба со вонземјанин. Вуд која води подкаст за НЛО, под името Alien Nation, се појавила во емисија за да објасни како ја доживеала оваа блиска средба со вонземјани.

Рече дека можела да види хибрид рептил и човек кој управува со светот.

„Отсекогаш сакав да запознаам вонземјанин, пријателски некој и само да се дружам со него и да му поставувам прашања“, рече Вуд.

Оваа средба е една од низата која се појавиле во извештајот на Пентагон, насловен како аномални акутни и субакутни ефекти на теренот врз човечките и биолошките ткива. Овој извештај го објаснува влијанието од наводните средби на НЛО со луѓето.

Во него се наведени голем број чудни нуспојави, вклучувајќи и бременост која не може да се види, што би можело да биде најчудно од сите. Извештајот го доби британски „Сан“, откако испратиле барање за информации од слободен карактер во штабот на Министерството за одбрана на САД.

Тие ги опишале случаите на очигледно киднапирање и телепатија и забележана телепортација. Се чини дека постојат низа на работи кои не можат да се случат ако наидете на вонземјани. Се разбира, можеби ќе можете да читате мисли и да се телепортирате во друга област, но исто така можно е да бидете киднапирани или да останете во блажена состојба.

Во извештајот е наведено дека можете да доживеете повреда од прегревање и изгореници од зрачење, губење на гласот, повреда на очите, амнезија, па дури и смрт.

„Прецизно се пријавени голем број на инциденти и несреќи, а се добиени и медицински податоци со кои може да се поддржи хипотезата дека некои напредни системи се веќе распоредени низ земјата и истите се невидливи и не можат да се објаснат“, е наведено во извештајот.

Тој се состои од 1500 страници документи кои се направени од Одбрамбената известувачка агенција (DIA) за програмата на Пентагон за НЛО, односно Напредната програма за идентификација на секакви закани од авијација (AATIP).

Британски „Сан“, исто така истакна дека тие ги побарале овие документи во декември 2017 година и дека тие штотуку биле доставени со делови кои не биле достапни.

Дел од извештајот гласи: Постојат доверливи информации кои се многу релевантни за предметот на оваа студија, а објавен е само мал дел од доверливиот податок.

За НЛО и вонземјани се зборува веќе некое време, од тоа дека прелетуваат како светлосни кугли, до подготовките за масовна инвазија.

Share
Scroll to Top