(Видео) Закон кој ја докажува изборната измама, како статистичарите ги анализирале изборните резултати во САД

(Видео) Закон кој ја докажува изборната измама, како статистичарите ги анализирале изборните резултати во САД

пред 2 месеци

Поради тоа што претседателските избори во САД во 2020 година беа оспорувани од страна на републикснките полтичари и претседателот Доналд Трамп, посочувајќи за измама, некои експерти се обиделе со статистичка анализа да утврдат дали станува збор за фер игра.

Од анализираните податоци во неколку држави, се покажале чудни статистички појави во збирните гласови за демократскиот кандидат, поранешниот потпретседател Џо Бајден.

Еден од најчестите аргументи е дека на некои локалитети од пребројувањето на гласовите за Бајден, бил прекршен Бенфордовиот закон.

Накратко, овој закон тврди дека кај броевите кои „потекнуваат од природата“, многу поверојатно е првата значајна цифра да е помал број, отколку поголем, наспроти очекуваната нејзина рамномерна распределба.

Едноставно кажано, законот вели дека во многу множества на реални податоци, како што се демографските податоци, географските податоци, па дури и спортските статистички податоци, следејќи ја логаритамската скала, првата цифра на броевите веројатно ќе биде 1 од 2, и 2 поверојатно од 3, итн.

Ако дистрибуцијата со првата цифра значително се разликува од ова правило, тоа може да биде доказ за манипулација со вештачките податоци.

Законот се користи за идентификување на лажни финансиски евиденции и други незаконски активности. Валтер Мебане, професор по политички науки од Универзитетот во Мичиген, го користел законот за да ги поткрепи наводите за полнење на гласачките ливчиња на иранските избори во 2009 година. Некои истражувачи исто така го користеле законот за проверка на неправилностите на изборите во 2016 година, во Висконсин.

Еден користник под името GitHub, ја објавил анализата на изборните резултати во 2020 година, во окрузите Фултон, Џорџија; Мајами – Дејд, Флорида; Милвоки; Чикаго; и Алегени округот, Пенсилванија.

Иако резултатите во Џорџија и Флорида воглавно се држеле до Бенфордовиот закон, сепак дошло до значајни отстапувања во гласовите за Бајден во Висконсин, Илиноис и Пенсилванија.

Еден корисник на „Твитер“, подлабоко ја анализирал анализата во Милвоки и открил дека во голем дел од градските одделенија, гласовите кои биле пребројани по 3 часот наутро, на 4. ноември и кои му припаднале на Бајден, биле многу повеќе во однос на оние претходно пребројаните.

Понекогаш разликата била и до 40 процентни поени. Окружниот службеник на Милвоки, не одговорил веднаш на барањето на Епок Тајмс, за коментарот во врска со несогласувањето. Во Висконсин било направено повторно пребројување, каде се покажало мала предност за Бајден.

Уште една интернет кражба била забележана во Пенсилванија, околу 10 часот. Кражбата се случила со отстранувањето на 10.000 гласови на контото на Доналд Трмап. Тоа се случило на 4. ноември. Губитокот на гласови доаѓало од три окрузи: Алегени (-1062 гласа) Бакс (-2972 гласа) и Честер (-7135 гласа).

На тој начин, околу 9 часот утрото, на 6. ноември, со пребројувањето, дополнителни 27.000 гласови биле дадени на контото на Бајден.

Од канцеларијата на државниот секретар на Пенсилванија, не реагирале веднаш на прашањата за аномалиите. Додека Бајден се прогласи како претседател на државата, Трамп изјави дека ќе ги оспори резултатите на суд.

Изгледа дека и во пресметката во Мичиген, каде Бајден имал мала предност, се појавиле статистички аномалии. Околу пет часот утрото на 4. ноември, во седиштето на компанијата за одлучување Desk Update биле ажурирани пребројуваните гласови од Мичиген.

Биле додадени 138.339 гласови на контото на Бајден и нула на контото на Трамп. Статистичката невозможност за таквото сценарио навело да луѓето почат да веруваат дека гласовите биле нелегално внесени во купот.

Во период од 40. минути, штабот за одлучување објавил уште едно ажурирање кое одземало 110.796 гласови од Бајден и додало 16.638 гласови на контото на Трамп. Подоцна било кажано дека станува збор за административна греша на дистрибуција на неточни податоци и дека од тогаш била исправена.

Во 5:54 и 6:05 часот утрото, компанијата објавила уште две ажурирања за трката во Мичиген, кои се чинат дека не покажуваат ништо необично.

Потоа во 6 часот и 18 минути следниот ден, фирмата направила уште едно ажурирање, кое додало 158.902 гласови на контото на Бајден и 29.295 гласови на контото на Трамп.

Тие гласови му донеле предност на Бајден со 85%, што претставува исклучително висок однос.

Едно од објаснувањата би можело да биде дка тие гласови доаѓаат од темносиниот округ и дека биле вклучени само гласачки ливчиња во отсуств, за кои се очекувало дека ќе ги фаворизираат демократите.

Но, дури и гласачките ливчиња во отсуство, во округот Ваштенав, кои завршиле на контото на Бајден и ја направиле најголемата разлика, биле поделени во негова корист за помалку од 82%. Покрај тоа, кандидатот таму собрал само 125.927 гласови во отсуство, па многумина морале да дојдат од вториот округ, каде бројките биле неповолни за Бајден.

Портпаролката на државниот секретар во Мичиген, не одговорила на прашањата за овие гласови.

Share

Watch Dr. Stone Episode 21 at website https://animeplanet.cc boruto anime planet episodes

My Hero Academia 4 (Dub) (https://crunchyrollfree.com/m/7EEM) Episode 25 at Crunchyroll crunchyroll premium free

Scroll to Top