Еден од најдобрите фудбалери во светот, Златан Ибрахимовиќ ја заврши кариерата на 41 година. Швеѓанецот објави дека се повлекува откако Милан го одигра последниот натпревар сезонава.
„Му кажувам збогум на фудбалот, но не и на вас“, им се обрати Ибрахимовиќ на навивачите на „Сан Сиро“ по средбата со Верона.
Во кариерата која почна уште во минатиот век во Малме, Ибрахимовиќ освои вкупно 34 трофеи и 11 пати беше номиниран за Златна топка. Сепак, тој никогаш не ја освоил Лигата на шампионите и единствениот европски трофеј го крена во 2017, кога Манчестер славеше во Лига Европа.
Ибрахимовиќ е и најдобриот стрелец во историјата на шведската репрезентација со 62 гола на 122 натпревари.
„Порано бев уплашен кога новинарите ме прашуваа за мојата иднина, но сега можам да го прифатам тоа. Подготвен сум“, кажа Ибрахимовиќ, кој излезе од Шведска во 2001, кога се пресели во Ајакс.
Zlatan Ibrahimovic to Verona fans booing him tonight inside the San Siro as he announces his retirement from footbal.
“Keep booing. This is the biggest moment in your year seeing me”.
End of an era, classic Zlatan until the end! 🤣👏pic.twitter.com/Dwq31aL0Y3
— Football Away Days (@FBAwayDays) June 4, 2023