(Видео) Игор Џамбазов ја посети куќата во Прилеп каде живееле по земјотресот во Скопје

(Видео) Игор Џамбазов ја посети куќата во Прилеп каде живееле по земјотресот во Скопје

пред 2 години

Актерот Игор Џамбазов ја покажа куќата во Прилеп каде престојувал со неговите родители по земјотресот во ’63 во Скопје. Тој стои пред куќата која некогаш била негов привремен дом, каде по разурнатото Скопје живеел со неговите родители.

dobivaj vesti na viber

„Се наоѓам во старото турско маало во Прилеп. После земјотресот во 1963 година нашата куќа била срушена и сме дошле овде да живееме неколку месеци, во оваа куќа сум проооден што се вика. Број 1“, рече Џамбазов.

Игор се пошегува, па по прилепски напиша „Кујчата во Прилеп во која сме живееле веднаш по земјотресо“.

 

Тој лани објави стара фотографија на која е бебе само што донесено од болница дома, во рацете на татко си маестро Александар Џамбазов, потсети на катастрофалниот земјотресот на 26 јули од 1963 година.

„Само што сум дошол на овој свет, со мама од болница сме се вратиле дома, а тато не можел да ми се нарадува. Поминало точно 11 дена… и тогаш, земјата се отворила, како да сакала да не проголта. Земјотресот и јас сме врсници“, вели Џамбазов, кој на 15 јули славеше роденден.

Share
Scroll to Top