(Видео) Италијанскиот милионер Џанлука Ваки стана татко

(Видео) Италијанскиот милионер Џанлука Ваки стана татко

пред 2 години

Италијанскиот милионер Џанлука Ваки, стана татко. Тој на социјалните мрежи објави видео и фотографии од неговата помлада девојка, манекенката Шерон Фосека по породувањето и се пофали дека добиле ќерка.

„Таа е со нас. Шерон и јас сме среќни затоа што ни се роди утринава ќерка. Му благодариме на Бога затоа што е здрава и веќе ја сакаме повеќе од нашите животи“, напиша Џанлука.

Ваки, ексцентричен милионер, со својот животен стил го привлекува вниманието на социјалната мрежа „Инстаграм“. Познат е по неговите ексцентрични одела, луксузниот дом, жешките танцови и особено две децении помладата девојка.

Иако долго време живееше разуздан живот, младата Шерон, која е атрактивна манекенка, го освои неговото срце за кратко време. Ваки вели дека сега кога таа му родила ќерка, има уште повеќе причини да работи и да ја сака повеќе.

Share
Scroll to Top