(Видео) Кание Вест на концерт побара од Ким да му се врати

(Видео) Кание Вест на концерт побара од Ким да му се врати

пред 3 години

Кание Вест на заедничкиот концерт со Дрејк, побара од Ким Кардашијан да му се врати. Тој ги промени стиховите на песната Runaway, за да испрати порака дека сака да се смири со Ким, која како што пренесуваат медиумите била на тој концерт.

„Сакам да побегнеш назад кај мене, токму ти Кимберли“, пееше Кание.

Бројни фанови го споделија моментот од видеото од концертот.

„О господе. Ким ни случајно немој да паднеш на тоа“, напишаа тие не можејќи да поверуваат што Кание направи на сцената.

Имаше и такви кои го поддржаа пејачот.

„Кимберли, те молиме прими го овој човек назад“, напишаа тие.

Ова не е првпат Кание да прозбори за разводот со Ким. Тој неодамна објави и фотографија на која двајцата се бакнуваат.

„Направивме грешки. Направив јас гершки. Јавно правев некои работи кои не беа прифатливи за една сопруга, но, денес сум тука за да ја променам приказната. Господ пак ќе не спои“, рече Кање за Денот на благодарноста.

Share
Scroll to Top