(Видео) Кеопсовата пирамида не била градена на начин на кој многумина веруваат, познат градежен инженер има своја теорија

(Видео) Кеопсовата пирамида не била градена на начин на кој многумина веруваат, познат градежен инженер има своја теорија

пред 9 месеци

За Кеопсовата пирамида (Голема пирамида во Гиза или Пирамида на Куфу), постојат разни теории за тоа како таа настанала.

Најприфатливите теории се дека таа била изградена со создавање на големи камени блокови од каменолом и со влечење и подигнување до местото каде што таа се градела.

Светскиот градежен инжинер, Питер Џејмс, кој во последните 14 години работел на рестарвација на древните градежни изданија низ Египет, смета дека ваквиот начин на градење е невозможен.

Џејмс не верува дека за изградба на оваа пирамида, биле користени милиони блокови, тешки и по два тони, како што досега се претпоставувало. Во книгата, Saving the Pyramids: Twenty First Century Engineering and Egypt’s Ancient Monuments, тој напишал дека оваа бројка била претерана.

„Еднаш кога ќе најдете соодветен камен, потребно е да ги отстраните наслагите песок, за да се дојде до самиот камен. Проценките се дека ваквата постапка тие ја повторувале на секои 6 минути во период од 10 часа во денот, цели 25 години“, ја почнува Џејмс својата теорија.

Тој смета дека ваквиот начин на обезбедување на камењата, не би можел да го обезбеди бројот и квалитетот на камењата, дури и ако истите ги имале достапни во дадениот рок.

„Камењата во тој случај би морале да ги сечат на лице место, во каменоломот, па пристапот би бил ограничувачки фактор“, објаснува Џејмс.

Тој го отвора и прашањето за тоа колку луѓе би биле потребни за да пирамидата се изгради.

„Во овој случај, би биле потребни 20.000 до 30.000 луѓе, што се споменува во голем број текстови. Но, тешко е да се замисли толкав голем број на работници, да се наоѓаат на едно, толку ограничено место“, вели Џејмс.

Тој вели дека толкав број на работниците ќе си сметале еден на друг, на толкаво ограничено место. Џејмс објаснува дека дел од каменоломот, би морал да биде во целост отстранет, пред да се почне со обработката на следниот камен.

Тој смета дека работниците ја користеле внатрешноста на пирамидата, а не надворешноста, за да ги редат камењата, како што досега се верувало. Тој истакнува дека пирамидата многу поинаку изгледа од внатре, отколку од надвор.

Џејмс вели дека пирамидата била изградена од многу помали и полесни камени блокови, со кои полесно можело да се управува, со цел да се забрзал процесот на градба.

Големите делови од Големата пирамида, работниците ги остаавале празни, или ги исполнувале со материјал со различна густина.

Целта на тој празен простор и понатаму е непозната. Јапонски и француски експерти, објавиле откритие во 2018 година, по двегодишно истражување, на овој славен комплекс на пирамиди во Гиза, недалеку од Каир.

Тие користеле технологија, со која се откривале промените во густината во внатрешноста на огромните камени структури.

„Не знаеме дали таа голема шуплина е хоризонтална, ниту пак дали станува збор за една или за неколку поврзани структури“, изјавил Мехди Тајуби, од Институтот ХИП во Париз.

Научниците кои работеле со Тајуби, веруваат дека одредени простори од Кеопсовата пирамида, биле направени со цел да го спречат рушењето на градбата. Ваквите простори го намалувале притисокот кои го создавале тешките камени блокови.

На пример, над комората на Фараонот, биле изградени пет такви простори. Но, еден од водачите на тимот, Хани Хелал, од Универзитетот во Каиро, верува дека шуплината е преголема за да има таква намена.

 

Кеопсова пирамида (Голема пирамида во Гиза или Пирамида на Куфу), е најстарата и најголема од трите пирамиди во некрополата во Гиза и е единственото до денес сочувано светско чудо, од седумте чуда на античкиот свет.

Се смета дека пирамидата била изградена како гробница за кралот на четвртата египетска династија, Куфу (на грчки Кеопс) и се градела во период од 20 години, сè до 2560 г. п.н.е. Кеопсовата пирамида била највисока градба во светот изградена од човек повеќе од 3800 г.

На почетокот, Кеопсовата пирамида била покриена со камења кои формирале рамна надворешна површина, а денес може да се види основната внатрешна структура. Некои од надворешните камења кои некогаш ја обвивале градбата сè уште можат да се видат околу основата.

 

 

Share

Watch Made in Abyss Movie 2: Hourou Suru Tasogare Episode Full

Animepahe: Grimgar: Ashes and Illusions anime episode 12 online free at https://animepahe.cc anime websites

https://animeheaven.pro dr stone anime heaven

Website https://aniwatch.pro: Watch Armed Girl's Machiavellism (Dub) aniwatch Episode 12 animes online

Play eslgaming: https://play.eslgaming.com/player/17002048/

360cities: https://www.360cities.net/profile/animefreak-ws

Scroll to Top