(Видео) Контроверзниот роман за Тито и Македонија распродаден за само седум дена

(Видео) Контроверзниот роман за Тито и Македонија распродаден за само седум дена

пред 3 години

Добра вест е штo издавачот „Арс Ламина“ веќе го дистрибуираше вториот тираж во книжарниците на literatura.mk.

Двата невидливи споја во „ТИТО мојот претпоследен херој” – историјата со фикцијата и Тито со Македонија – се само две од нишките проткаени во ова необично дело во кое главниот лик го толкува млад скопски лекар. Сосема неочекувано, името и презимето на главниот јунак Филип деновиве е најпребаруван поим на „Гугл“ и „Фејсбук“.

Романот е контроверзен по многу нешта: конфликтот меѓу авторот Зоран Спасов Sоф и лекторката, конфликтот меѓу официјалната и онаа историја што е дел од приказната, меѓу левите и десните, меѓу комунистите и капиталистите… Сево ова надополнето со паралелата меѓу Тито како претпоследен и вистинскиот последeн херој го става овој роман на листата на „морам да ги купам” подароци за Нова година.

Двете интервјуа на авторот, со Јанко „Јади Бурек” Илковски на ТВ Сонце и новинарот Христо Ивановски на ТВ Алфа, отворија неколку интересни теми: сите венчани и невенчани жени на Тито, македонското прашање и седумте сценарија по кои ние никогаш не би имале држава, најголемата љубов на Тито што ја закопал во својот двор, кој ја уништи идејата Македонија да излегува на Црно и Егејско Море, за и против религијата, сите грешки и покајанија на Маршалот, како ги „превесла” Черчил и Сталин, тајната на кутијата за чевли…

Share
Scroll to Top