ВИДЕО | Коњановски најави нова инвестиција: Три модерни спортски терени за ОУ „Ѓорѓи Сугарев“

ВИДЕО | Коњановски најави нова инвестиција: Три модерни спортски терени за ОУ „Ѓорѓи Сугарев“

пред 3 часа

Започна реконструкцијата на спортските игралишта во ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ во Битола, каде што ќе бидат изградени три нови модерни спортски терени. Увид во почетокот на градежните работи извршија градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, и претседателот на Советот, Бојан Бојкоски.

Проектот опфаќа изградба на три спортски игралишта – терен за кошарка, терен за одбојка и комбиниран терен за ракомет и мал фудбал.

Терените ќе се простираат на површина од околу 2.500 квадратни метри, а за нивната реализација од Буџетот на Општина Битола се издвоени 18,1 милион денари.

„Со ова учениците ќе добијат нови модерни терени за изведување на наставата по физичко образование“, истакна Коњановски.

Од Општина Битола посочуваат дека инвестицијата е дел од заложбите за подобрување на условите во образованието и унапредување на училишната спортска инфраструктура.

ВИДЕОТО МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

Share
Scroll to Top