(Видео) Луис Капалди поради напад од Туретов синдорм среде концерт не можеше да го отпее познатиот хит

(Видео) Луис Капалди поради напад од Туретов синдорм среде концерт не можеше да го отпее познатиот хит

пред 1 година

Шкодскиот пејач Луис Капалди среде концерт имаше напад додека изведуваше негова позната песна. На 26-годишниот пејач, минатата година му беше дијагностициран Туретов синдром.

Од ненадејниот напад пејачот не можеше да го изведе својот голем хит, но потоа се вклучи и публиката која гласно ја испеа споменатата песна.

„Плачам, среќен сум што го гледав ова дома“, „Сите што беа таму треба да се гордеат со себе. Луис е прекрасна личност и ова сигурно нема да го заборави“, „Како фановите си го презедоа тоа на себе да го кренат.. Се гледа благодарноста на неговото лице“, се дел од коментарите.

По концертот, Луис се огласи на својот Инстаграм профил и откри дека морал да ја прекине турнејата.

„Порано можев да уживам во секоја секунда од ваков настап и се надевав дека по три недели одмор ќе можам да се опоравам. Но, вистината е дека сè уште се навикнувам на ефектите од Туретов синдром и во сабота стана очигледно дека треба да посветам повеќе време на моето ментално и физичко здравје за да можам долго да правам се што сакам“, напиша пејачот.

Капалди претходно отворено зборуваше за неговата борба со Туретовиот синдром, но и за проблемите со менталното здравје, особено за анксиозноста.

@bbc The Glastonbury crowd ft @lewiscapaldi – what a beautiful moment ❤️🤗 listen on @bbcsounds ♬ original sound – BBC

Share
Scroll to Top