(Видео) Малума откри дека ќе стане татко на концерт во Вашингтон

(Видео) Малума откри дека ќе стане татко на концерт во Вашингтон

пред 7 месеци

Колумбискиот пејач Малума ќе стане татко.. Во неговиот најнов спот за песната Procura тој откри приватни моменти со неговата девојка Сузана и на крајот од спотот откри дека таа носи негово дете.

Кадрите во спотот се со заеднички моменти на заљубениот пар, како уживаат кога се подалеку од очите на јавноста.

Исто така во спотот е и стратстниот бакнеж на Малума и Сузана на Билборд Латино Наградите од 2022 година.И на крајот од спотот е моментот кој ја изненади јавноста. Парот е во ординација и откриваат дека Малума ќе стане татко. Според кадрите во видеото, Малума и Сузана очекуваат девојче.

Малума и Сузана се забавуваат од август 2020-та, а врската ја потврдија една година подоцна. Тие неколу години биле само пријатели бидејќи, според колумбиските медиуми, Сузана била во брак, а Малума чекал да се разведе.

Во јавноста медиумите пренесоа дека Малума и Сузана се веќе свршени, но пејачот ја негираше оваа информација.

 

Share
Scroll to Top