(Видео) Милионерка се омажила за делфин

(Видео) Милионерка се омажила за делфин

пред 4 години

Милионерката Шерон Тендлер на 26 годишна возраст се омажила за делфинот Синди. Таа вели дека кога се запознале, тоа било љубов на прв поглед. Делфинот го запознала додека патувала во Израел. Станува збор за машки делфин, кој по грешка му дале женско име пишува „Дејли Стар“.

Тие се венчале во израелското пристаниште Еилат. На прашањето дали ќе се земат, Шерон одговорила со да, додека делфинот климал со главата нагоре надоле, па присутните на венчавката тоа го сметале како знак на согласност.

Била направена раскошна церемонија. Шерон била во бел фустан со розеви цветови во косата.

„Тоа не е изопачена работа. Го сакам овој делфин. Тој е љубовта на мојот живот. Тоа не е лошо. Тоа го направив затоа што го сакам, но не на начин како што се сака човек. Тоа е само чиста љубов која ја имам кон животните“, изјавила Шерон за новинарите.

Share
Scroll to Top