Мими Јовановска од Велес го заврши натпреварувањето во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“. Таа не успеа да го освои жирито со нејзините изведби на „Зошто си ме мајко родила“ и „Кажуј крчмо“.
Мими не ги доби потребните гласови за понатамошен пласман. Жирито и кажа дека иако почнала како аутсајдер, со текот на времето многу се подобрила.
Таа доби само пет гласа и комплименти дека се подобрила со нејзините изведби, пеење и стајлинг, но, дека го нема потребното за понатамошен пласман.