Златан Ибрахимовиќ и Синиша Михајловиќ беа специјални гости на познатиот италијански фестивал Санремо. Двајцата ја испеаа песната„Ио вагабондо“, легендарниот хит од италијанскиот бенд „И Номади“, снимена во 1972 година.
Водителите Фиорело и Амадеус во еден момент мораа да преземат за да не испадне тотален дебакл. Пред настапот, двајцата раскажаа некои етапи од нивните долги фудбалски кариери.
Ибрахимовиќ за Михајловиќ рече дека тој секогаш доаѓал прв на тренинг и бил подготвен пред сите други. Дека слободните удари ги шутирал како неговите пенали. И Михајловиќ не штедеше пофални зборови за својот голем пријател.
„Некој игра, некој победува. Он е прав гладијатор, пример за храброст, ама јас имам нешто што тој нема. Лига на шампиони“.
Фудбалерот на Милан ја прифати шегата и се надоврза дека има време и тој да го освои европскиот пехар.
Curva dell’Ariston fatevi sentire ?
Gli “ABBADeus” debuttano sul palco di #Sanremo2021 con “Io vagabondo”. ?
Ecco la clip integrale ? pic.twitter.com/omwmSu3SMf— RaiPlay (@RaiPlay) March 4, 2021