(Видео) Најзгодниот затвореник се жали: „Ми праќаат голи слики и пари, не знам што да правам“

(Видео) Најзгодниот затвореник се жали: „Ми праќаат голи слики и пари, не знам што да правам“

пред 14 часа

Кога фотографијата на Џереми Микс заврши на Фејсбук профилот на полициската станица, никој веројатно не ни помислуваше дека тој наскоро ќе стане вирален и толку популарен што дури ќе биде прогласен за „најжешкиот затвореник на светот“.

Сето ова го промени животот на Џереми, кој оттогаш стана баран модел, но исто така призна дека со години бил во целибат. Појавувајќи се во подкастот на Метју Кокс, Џереми опиша каков бил неговиот живот тогаш.

„Мислам дека добивав околу 300 писма дневно, навистина беше премногу. Добивам голи слики, но и пари. Луѓето доаѓаа масовно да ме посетуваат додека бев во затвор, а тоа беше проблем за мене бидејќи имав право на две посети неделно, а потоа моето семејство не можеше да дојде да ме види“, рече Џереми.

Со оглед на тоа што во тоа време имаше петгодишен син, ги молеше луѓето да престанат да го посетуваат бидејќи неговото дете не можеше да го види.

„Ми раскажаа како возеле цел пат од Тенеси, на пример. Им се заблагодарив и ги замолив да не доаѓаат затоа што мојот син има пет години, не разбира зошто не сум дома и сака да ме види“, опиша тој.

Џереми Микс во тоа време отслужуваше 13-месечна затворска казна за поседување оружје и отпор при апсење, а пред тоа помина девет години во затвор за тешка кражба и телесна повреда на 16-годишно дете.

Затворот не го спречи да има бурен љубовен живот. Беше во брак со Мелиса Микс речиси десет години и доби син, но се разведоа на негово барање. Не страдаше долго. По два дена беше виден со Клое Грин, наследничката на империјата Топ шоп.

Нивната врска траеше околу две годин, а тој и со неа доби син.

Share
Scroll to Top